Зоми Мак и младинците на Вардар Про гостуваат во Куманово
19.09.2013 11:16
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово овој викенд го играат првиот натпревар на домашен терен оваа сезона, против екипата на Зоми Мак од Струмица.

Тимот на Зоми Мак од Струмица доаѓа како апсолутен фаворит во овој меч, имајки во предвид дека е засилен со неколку нови ракометари во однос на предходната сезона, а Куманово оваа сезона настапува со подмалден состав. Натпреварот се игра во недела во 13 часот.
Младинскиот состав на Куманово во сабота во 12 часот игра против младинската екипа на Вардар Про. Натпреварот ќе се игра во салата на О.У. Христијан Тодоровски Карпош, населба Перо Чичо.