ЖРК Куманово директно во третата рунда од Европскиот Куп, ждребот на 1 септември
ЖРК Куманово е дел од 23 екипи кои директно имаат обезбедено пласман во третата нокаут рунда на Европскиот Куп ЕХФ. Вкупниот број на тимови се 41.

Во втората рунда од квалификациите ќе се натпреваруваат 18 тима, односно 9 двојки. Победниците од тие дуели, ќе се приклучат на останатите 23 тима кои директно се пласирани во третата рунда. Во тој дел од купот, ќе се формираат 16 двојки, меѓу кои и екипата на Куманово. Се играат две средби, по принципот дома-гости.
Помеѓу тимовите кои ќе се борат за место во третата рунда, односно и можен дуел против нашиот состав, спаѓаат и два поранешни освојувачи на Челинџ Купот: Гран Канарија од Шпанија и ЖРК Наиса Ниш од Србија.
На 10 или 11 октомври ќе се игра дуелот од кој тимот на ЖРК Куманово ќе го добие својот противник за 1/16 финале од натпреварувањето.
(Д.Д.)