ЖРК Куманово го пречекува Кичево
13.03.2015 14:36
| KumanovoNews
Овој викенд започнува вториот дел од сезоната во женскиот ракомет.

Првиот натпревар женскиот ракометен клуб Куманово ќе го игра на домашен терен. Во недела во 16:30 ќе го дочека тимот на Кичево 2010. Во првиот натпревар меѓу овие два тима оваа сезона, кумановки беа доминантни победувајки со 33:13.
Натпреварот ќе се игра во салта на ОУ Христијан Тодоровски Карпош.
Ракометарките се на делба на втората позиција заедно со тимот на Чаир.
Како увертира на овој натпревар ќе биде натпревар од пионерската женска лига. Во истата сала од 14:30 ќе играат пионерските состави на Куманово и Вардар.