Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основен белег на ракометот во Куманово е нејзината ракометна школа.
ЖРК Куманово овогодинешното натпреварување го започнува во три категории и тоа пионерска, сениорска и младинска група.
Женскиот ракомет во Куманово, од секогаш е познато по своите талентирани играчи кои оваа година со спортски дух и напорни подготовки ќе го оправдаат третото место од минатата сезона и ќе се потрудат повторно да застанат на првите места од ранг листата.
Оваа година управата на клубот, поради смена на генерации е решена женската сениорска група да ја пријави во првата лига од домашното првенство, каде акцентот ќе биде ставен на домашните помлади талентирани играчи кои реално мината сезона го дадоа својот максимум.
Во сите три категории кои оваа година ќе ги гледаме во домашното натпреварување во првата македонска ракометна лига очекуваме дури и подобри резултати од минатата година, бидејќи со нашите работат млади, перспективни, дипломирани спортски тренери кои заедно со играчите и со спортски дух и срцето на терен ќе ги бранат боите на градот во натппреврувањето
Реално треба да го зачуваме онаа што е наше, домашно и онаа што вистински вреди. Оваа сезона перспективата ја гледаме исклучиво во нашите играчи и ќе им дадеме шанса оваа година да се докажат пред македонската спортска јавност-изјавија од клубот.
Наптреварувања започнуваат од наредниот викенд:
14.09 и 15.09 пионерките, 21.09 и 22.09 сениорите и 28.09 и 29.09 младинците.