ЖРК Куманово игра портив Борец Велес
10.05.2014 08:49
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово во недела во 16:30 играат против екипата на Борец од Велес.

После победата на гостински терен против тимот на Чаир минатото коло, тимот овој викенд ги пречекува велешанки во Спортксата сала во Куманово.
Ги повикуваме сите љубители на женскиот ракомет да дојдат во Спортската сала да ги подржат ракометарките во нова победа - изјавија од ЖРК Куманово.
Со победа на утрешниот натпревар, ЖРК Куманово ќе ја зацврсти втората позиција на табелата, и се поверојатно е дека следната година ќе настапува во Супер-лига.