Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово денеска во Спортската сала извдојуваа нова победа. Овој пат поразена беше екипата на ЖРК Чаир со резултат 24:22.
Домашната екипа која е составена само од домашни ракометарки, денеска одигра добар натпревар и имаше водство во текот на целиот натпревар. Гостите не потклекнаа но не успејаа да го скршат отпорот на Куманово и заминаа со пораз од само 2 гола негатива.
Најефикасна ракометарка на мечот беше Моника Паневска со постигнати 9 гола.
Тимот на Куманово во шесттиото ориграно коло ја забележа четвртата победа. Оваа екипа составена исклучиво од домашни ракометарки од натпревар во натпревар игра се подобро и подобро.