Аргентина фаворит на кумановци Во екот на Светското првенство во Јужна Африка и нашите сограѓани се дел од фудбалската треска и имаат свои фаворити на Мундијалот. Нашите соговорници во финалето на првенството посакуваат да играат Аргентина и Бразил, а повеќето жалат што репрезентацијата на Србија испадна од понатамошното натпреварување.
Спортската сала во „Перо Наков„ ќе се пушти на есен Спортската сала во Средното училиште „Перо Наков„ ќе биде готова до почетокот на новата учебна година. Учениците од ова училиште, но и сите спортски клубови и поединци од есен ќе можат да ја користат салата за спортски активности.
Порака на Турнир во мал фудбал во Прилеп Штитениците на дневниот центар „Порака„, деновиве учествуваа на фудбалски турнир во Прилеп за учесници со посебни потреби. Турнирот беше во организација на ФФМ, градоначалникот на Прилеп и А1 телевизија.
Турнир во мал фудбал за Видовден Српска заедница во Македонија Регионална организација во Куманово, традиционално и оваа година ќе го одбележи Видовден со повеќе културни и спортски активности.
Распоред на групите во Светското првенство Светското првенство во фудбал кое се одржува во Jужна Африка, официјално започнува од денеска, а ќе трае еден месец. По свеченото отворање, првенството ќе го започнат домаќините Јужна Африка и Мексико со почеток од 16 часот,а потоа во 20.30 часот ќе играат Уругвај и Франција.
СП Одбројувањето започна Светското првенство во фудбал, најзначајниот спортски настан на планетата, за првапат во историјата ќе започне со концерт, еден ден пред официјалното отварање.
По шести пат трка мали велосипедисти Михаил Николовски од градинката „Синоличка„ е победник на годинешнава велосипедска трка што денеска се одржа во Стариот градски парк. Во трката учествуваа педесетина дечиња од големите групи на сите градинки, а најдобрите добија медали, дипломи и маички.
Кумановските риболовци на натпревар во Полска Претставници од Здружението на спортските риболовци „Мак-Дам„ од Куманово, денеска заминаа на Светско клубско риболовно првенство во Полска. Екипата на Куманово ќе ја претставува државата како победник на минатогодишниот куп на Мавровското езеро.
Франција и Англија во финале на ЕП во фудбал-жени Вчера во Куманово се одигра последниот натпревар од Европското првенство во фудбал за жени на возраст до 19 години. Полуфиналниот натпревар се играше 120 минути, но сепак за крајот одлучија пеналите.
Општинарите на спортски игри во Струга Дел од вработените во Општината од утре до крајот на неделата ќе учествуваат на Синдикалните спортски игри во Струга. Општинарите ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини.
Милано и Брегалница во борба за опстанок На стадионот во Ѓорче Петров, во бараж натпреварот за опстанок во прва лига, денеска во 17 часот ќе се сретнат екипата на Милано од Куманово и Брегалница од Штип.
Утре играат женските репрезентации на Англија и Италија Утре на стадионот Милано Арена ќе се одигра вториот натпревар на Европското првенство во фудбал за жени на возраст до 19 години помеѓу репрезентациите на Англија и Италија.
Германките подобри од Италијанките На стадионот Милано Арена, денеска во Куманово се одигра првиот натпревар од Европското првенство во фудбал за жени до 19 години. При тоа репрезентацијата на Германија ја совлада Италија со 4:1.
Европско првенство за жени до 19 години Од денеска па до 5 јуни, Македонија ќе биде домаќин на Европското првенство во фудбал за жени на возраст до 19 години. Натпреварите во двете групи ќе се играат на стадионите во Куманово и Скопје.
Меѓународниот турнир во кошарка "Растеме заедно" Во организација на кошаркарскиот клуб „Пинк Пантери„ од Куманово утре во Спортската сала свечено ќе биде отворен Меѓународниот турнир во кошарка со слоганот "Растеме заедно".
Доделени наградите на најдобрите млади шахисти Во Oпштината Куманово денеска беа поделени пехари и признанија на учесниците на годинешниов училишен екипен турнир во шах што минатиот месец се одржа во Куманово.Наградите ги врачи градоначалникот Зоран Дамјановски.