Мени

Училишно првенство во шах

15.10.2010 09:22 | KumanovoNews

 Во организација на Општинскиот сојуз на училишни спортови утре во просториите на Градскиот шаховски клуб „Куманово„ ќе се одржи поединечно првенство во шах за учениците од основните училишта во градот.

Училишно првенство во шах

 Почетокот на натпреварувањето е закажано во 10 часот.

Првите тројца пласирани учесници во ноември годинава ќе го претставуваат Куманово на државното првенство во шах.

По одржувањето на првенството ќе започне со работа шаховската школа под водство на фиде-мајсторот Зоран Илиќ, секретар на Шаховскиот клуб.