Куманово шампион во втората лига, од идната сезона во елитата Куманово со пораз го заврши годинешново натпреварување во втората кошаркaрска лига. На гостувањето во Струмица беа совладани од екипата на АБА од Струмица, која го освои второто место по ова натпреварување.
Партизан шампион на првенството Тимот на Партизан ја продолжува доминацијата во српскиот фудбал која ја негува во последните години. Гробарите ја освоија третата последователна титула во домашниот шампионат, откако ја совладаа „ОФК Београд„.
По математичка формула Србија ќе игра со Бразил во финале на СП Во својата книга „Зошто Англија губи“ авторите Сајмон Купер и Стефан Симански, ја претставија математичка формула по која во Финалето на Мундијалот ќе играат Бразил и Србија.
Кумановските падобранци најдобри На Меѓународниот падобрански куп што го организираше аеро клубот „Доне Божинов„ Куманово во екипна конкуренција, прво место освои „Кватро„ од Куманово, втора беше екипата на Ниш од Србија, а трета репрезентацијата на Црна Гора.
Меѓународен куп во падобранство на Аџитепе Аеро клубот „Доне Божинов“ од Куманово викендов е домаќин на Меѓународниот куп во падобранство што се одржува на спортскиот аеродром Аџитепе. 25 падобранци од седум екипи од Македонија, Србија и Црна Гора се натпреваруваат во две дисциплини, скокови на цел и скок од 4000 метри.
Кошаркарите на Куманово во Прва лига Кошаркарите на Куманово по извојуваната победа над КК Милениум влегуваат во Првата македонска лига. До крајот на првенството остануваат уште два натпревари кои нема битно да ја сменат сегашната состојба.
Кошаркарите на гости во Струмица Кошаркарите на Куманово, денеска во 18 часот ќе гостуваат на екипата на КК Милениум во Струмица.
ФК „Победа„ 8 години под суспензија ФИФА и Судот за Арбитража во Лозана, ја казни ФК „Победа„ од Прилеп со 8-годишна суспензија од настап на домашните фудбалски терени. ФФМ, ја казни и тетовска Шкендија одземајќи и 6 бода на второлигашкото конто, откако остана со неподмирени обврски кон тројца свои поранешни фудбалери.
Челзи ќе го продаде Кол? Рускиот милијардер Роман Абрамовиќ, сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, порaчал дека не сака да троши повеќе пари на Џо Кол (28). Причината за ваквата изјава е тоа што англискиот репрезентативец малку играше сезонава, каде Челзи најверојатно ќе го освои шампионскиот трофеј.
Македонија во ватерполо подобра од Словенија Македонската ватерполо репрезентација ја победи репрезентацијата на Словенија со 7:4 и го освоија второто место. Oваа победа им овозможи пласман на ЕП во Хрватска од 29 август до 11 септември годинава
Македонија скокна за пет места на ФИФА-листата Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за пет позиции на најновата ранг-листа на ФИФА и моментно е на 60 место.
Заврши првото училишно првенство во шах На екипно првенство во шах на основните училишта, прво место го освои ОУ „Браќа Миладиновци“, втора беше екипата од ОУ „Магдалена Антова“ а третото место го поделија учениците од ОУ„Кочо Рацин“ и „Битолски конгрес“ од с. Лопате.
Мото-крос во Забел Во општината Старо Нагоричане вчера се одржа Првата трка за првенство на Македонија во мото крос„ЗАБЕЛ 2010„.
Мурињо покажа како против Барселона Фудбалерите на Интер, успејаа да го совладаат актуелниот европски шампион Барселона со резултат 3:1.
Мурињо е најдобар на светот Во пресрет на првиот полуфинален меч од Лигата на Шампионите, се повеќе се подгрева атносферата помеѓу фудбалерите на Интер, кои вечер во Милано ќе ја пречекаат Барселона.
Дел Пиеро оди по стапките на Бекам Иконата на Јувентус Алесандро Дел Пиеро сериозно размислувал да премине во редовите на американскиот Њујорк Ред Булс, објавуваат медиумите.