1 јануари неработен ден за сите граѓани
28.12.2021 09:48
| Сузана Николиќ
1 јануари 2022 година (сабота), Нова Година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07).
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните им ја честита Новата Година.