×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 103 години од раѓањето на Христијан Тодоровски – Карпош

    03.09.2024 22:33 | KumanovoNews

    Денеска се навршуваат 103 година од раѓањето на народниот херој на Македонија, Христијан Тодоровски – Карпош.

    103 години од раѓањето на Христијан Тодоровски – Карпош

    Тој е роден на 3 септември 1921 година во Куманово. Прогласен е за народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување.

    Како ученик станал член на СКОЈ во 1939 година, па поради неговите прогресивни идеи бил истеран од средното училиште и не му било дозволено да се запише во друго училиште во тогашното Кралство Југославија.

    Во 1941 година учествува во прибирање на оружје, растурање на памфлети и дистрибуција на билтенот „Дедо Иван“, кој бил издаван од страна на градската партизанска организација.

    Карпош се истакнал како организатор на Народноослободителната антифашистичка војска на Македонија (НОАВМ). Бил член на Козјачкиот партизански одред од 12 октомври 1941 година и член на партизанскиот штаб од Куманово. Откако одредот бил разбиен, преминувал во Вториот јужноморавски одред и Кукавичкиот одред, наизменично (1942-43). На 26 јуни 1943 година станал командант на Кумановскиот партизански одред, коj постепeно нараснувал и на 1 декември 1943 година бил официјално преименуван во Прв кумановски баталјон „Јордан Николов – Орце“.

    Убиен е на 23-годишна возраст од бугарскиот окупатор на 7 февруари 1944 година,  за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во селото Билјача, Прешевско.

    Во негова чест се испеани неколку партизански песни: „Битка се бие кумановско поле“, „Давај ме, мила мамо, давај ме“ и „Горо ле, горо зелена“. Покрај тоа, Ацо Шопов му посветил две песни од својата стихозбирка „Песни“ од 1944 година: „Карпош“и „Борбата на Дренак“,а го спомнува и во „Марш на Трета македонска бригада“, напишана исто така во 1944 година.

    Во Куманово е зачувана Спомен куќата на Христијан Тодоровски - Карпош. Кумановската населба Карпош го носи неговото име.

    Градот во кој што е роден го заборави денот на раѓањето на Карпош. Денеска немаше ниту една манифестација во негова чест.