11 одобренија за градба во Североисточен регион
10.02.2014 12:37
| KumanovoNews
Во Североисточен регион во декември минатата година издадени се вкупно 11 одобренија за градба.
Според податоците од Државниот завод за статистика, во Куманово се издадени 8 одобренија за градба сите на физички лица, во Крива Паланка 2 одобренија и во Ранковце исто така 1 одобрение на физичко лице. Објектите кои ќе се градат чинат вкупно 24.549.000 денари.
Во декември лани не се издадени одобренија за градба во Кратово, Липково и Старо Нагоричане.
Статистиката за овој период покажува дека најмногу одобренија се издадени во Скопскиот, Источниот и Полошкиот регион.