Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вкупно 137 кумановци се казнети за пребрзо возење, а 22-ца биле пијани зад воланот, покажува последната статистика од акциската контрола на полициски службеници од СВР Куманово, спровдена изминатиот викенд за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.
„На подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 179 возачи .Од нив 137 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 22 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 16 за управување возило без возачка дозвола и 4 за нерегистрирани возила“, соопштуваат од полицијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.