×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 15 години затвор за убиство и 10 за помагање

    19.02.2015 18:23 | KumanovoNews

    Бурим А. (30) од Арачиново е осуден на 15 години затвор, затоа што пред две години го убил Ендрит Љатифи од кумановското село Опае, а неговиот брат Салим А. (26), и Шенаси М. (30), исто така, од Арачиново добија по 10 години затвор за помагање при извршување на кривичното дело.

    15 години затвор за убиство и 10 за помагање

    Кривичниот совет во Кумановскиот суд ги прогласи тројцата арачиновци за виновни затоа што на 18 октомври 2012 година, пред Брза помош во Куманово, првообвинетиот Бурим, со умисла, за безобѕирна одмазда, со полуавтоматска пушка го изрешетал Љатифи, додека другите двајца му помогнале во подготовките и криењето на делото.

    На убиството му претходела брканица со коли на напаѓачите и убиениот, од населбата Бедиње кон градот. Додека Ендрит се движел со неговиот „форд ескорт", го забележале осудените и почнале да го бркаат со возило, сопственост на второосудениот. Кога стасале до Брзата помош, удриле одзади во возилото, кое излетало на тротоарот и удрило во метален столб. Возачот излегол од колата и почнал да бега, но се сплеткал и паднал. Тогаш го пристигнал првообвинетиот, и со полуавтоматска пушка испукал повеќе куршуми кон него. Се здобил со смртоносни рани во градите и во стомакот, од кои починал.

    Убијците се вратиле во колата, и со голема брзина побегнале кон Скопје.

    Браќата од Арачиново и убиениот имале неколкугодишно несогласувања поради престрелка и тепачка пред дискотека во Куманово. Поради постојаните закани и напади, убиениот си го променил и идентитетот.

    Пред Судот е изведен само второобвинетиот, додека на Бурим и Шенаси им е судено во отсуство. Салим го негирал делото и тврдел оти тој и брат му имаат алиби дека критичната вечер биле во кругот на нивното семејство.

    Тројцата арачиновци и порано биле осудувани за кривични дела насилство, разбојништво, загрозување на безбедноста, предизвикување општа опасност.

                                                                               (Вест)