×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 1,5 милиони денари за заштита на манастирската црква во Матејче од Министерството за култура

    10.02.2023 19:28 | Сузана Николиќ

    За заштита на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче годинава ќе бидат вложени 1,5 милиони денари од буџетот на Министерството за култура, во рамките на финансирањето проекти од национален интерес за 2023 година.

    1,5 милиони денари за заштита на манастирската црква во Матејче од Министерството за култура

    „ Манастирот е еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност во нашата земја и ќе биде заштитен како културно наследство во опасност. Потоа ќе продолжиме со реставрација на  манастирскиот комплекс за зачување на Матејче и запирање на понатамошните кражби во што се вклучени и општините Липково и Куманово“, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на  прес конференција на која информираше за резултатите од годишните конкурси за поддршка на проекти.

     Притоа, информираше дека истовремено  Министерството за транспорт и врски работи на подготовка за санација на пристапниот пат до самиот манастир.  

    Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче е еден од најзначајните објекти во Македонија и ваквата грандиозна и велелепна архитектура може да се спореди само со црквата „Света Софија“ во Охрид. Изградена е во 1362 година, а нејзин ктитор е цар Душан. Таа во себе го содржи најголемиот насликан ансамбл од 14 век на македонската територија и е еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва и ремек-дело на дворскиот стил кој што бил карактеристичен за епохата на Палеолозите. 
    За жал,во воениот конфликт од 2001 година, голем дел од црквата беше уништен, фреските оштетени, а одмаралиштето разурнато и запалено. По завршување на конфликтот направена е сериозна конзервација и црквата е доведена во состојба во која можеше да функционира, а во 2021 година со средства во висина од еден милион денари од  Министерството за култура  беа спроведени интервенции на архитектурата,  ѕидното сликарство на црквата и реконструкција на камбанаријата.  Меѓутоа нејзиното уништување продолжува и понатаму. Вандали постојано ги кршат влезните врати и прозорците, откорнати се  оловни плочи од кровот, па атмофереските влијанија дополнително го уништуваат фрескоживописот и внатрешноста на објектот.