×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 16 годишен мотоцисклист загинал во сообраќајка кај Доброшане

    02.08.2020 08:57 | KumanovoNews

     Малолетник го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово - Свети Николе во населбата Доброшане.

    16 годишен мотоцисклист загинал во сообраќајка кај Доброшане

    Според МВР, сообраќајката се случила синоќа во 22.05 часот, а во несреќата учествувале моторцикл „јамаха“, управуван од 16- годишен малолетник од с.Доброшане, патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М.М.(24) од Куманово, кој првично го напуштил местото на настанот, а потоа сам се пријавил во СВР Куманово и паркирано патничко моторно возило„југо“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Т.Т. од Куманово.

    Во незгодата возачот на моторциклот починал на лице место, а од екипа на итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.