Мени

17-годишник украл мотор од пред угостителски објект, полицијата го привела

07.05.2025 11:35 | KumanovoNews

Седумнаесетгодишно момче ноќеска украло мотор од пред угостителски објект, по што било приведено во полиција. 

17-годишник украл мотор од пред угостителски објект, полицијата го привела

„Во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17 - годишник од с.Блаце, скопско, затоа што пред угостителски објект во Куманово одзел мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Г.Д.(52) од Куманово. Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а малолетникот бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.