×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 22 години независна Македонија

    08.09.2013 08:41 | KumanovoNews

    Република Македонија денеска слави 22 години независност. 8 септември е  празник, кој ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.

    22 години независна Македонија

    На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство - 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“? На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓани со право на глас или 71,85 отсто. Од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто. Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот.

    Ги прашавме граѓаните колку се задоволни од условите за живот, можностите кои денес ги нуди државата и колку таа напреднала во овие 22 години.

    Лилјана Миленковска, просветен работник

     Ние сме во една голема економска криза и младите учат убаво да живеат, но родителите немаат доволно можности да им пружат. Затоа е овој одлив на млади сили и образовани луѓе. Иако државата обезбедува школување до висок степен, проблем настанува по школувањето. Сите гледаме како е во Европа, Америка, ама само можеме да гледаме, ништо нема да добиеме. Можеби во некои сфери Македонија напреднала, ама економијата е навистина на ниско ниво. Тука е проблемот.

    Милутин Стојановиќ, пензионер

     Порано имаше работа, имаше пари, беше многу убаво. Македонија стои во место. Се се затвори, во земјоделство нема заработка. Кога нема народот работа и пари не оди.

    Загорка Голјанин, домаќинка

     Треба да се направат патишта. Сакаат луѓето да се вратат на село, нема пат, се треба да се поправи. За младите луѓе е многу тешко. Не сакаат да се женат затоа што немаат свој приход и тоа се одразува на наталитетот и на се друго. За стари и за пензионери е добро, ама за младите не е добро.

    Маргарита Стојановска, стечајка

     Треба да се отворат нови работни места, да има перспектива за младите, а не да бегаат од Македонија. Образованието ни е до некаде средено, ама што завршија кадри, се што вреди отиде надвор. За стечајциве не е решен проблемот бидејќи јас сум стечајка. Има доста отворени проблеми. Има уште многу да се работи.

    Сабрија Асановска, продавачка

     Македонија не може да напредува бидејќи нема никаков ред, нема закон. Закони постојат само за сиромашни. Најтешко им е на оние кои сега одгледуваат деца, имаат трошоци. Нема што да се каже, сите знаеме како е. И оние кои земаат плата се жалат, а што да кажат невработените.

    Магдалена Тодорова, студентка

     Здравството е за никаде, нема работа, образованието исто не е како што треба. Нема ништо и се треба од корен да се менува. Кога имате луѓе ќе успеете, се е со врски, корумпирано. Нема услови за вработување по струка, граѓаните работат што ќе најдат. Оправдано е што младите сакаат да избегаат во странство.