×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 2,5 милиони денари за 4 претстави на Кумановскиот театар одобри Министерството за култура

    08.02.2024 15:32 | Теодора Стоевска

    Националната установа „Центар за култура“ Тетар Куманово ќе добие 2,5 милиони денари или околу 40 илјади евра од Годишната програма на Министерството за култура за четири проекти од областа на драмска дејност.

    2,5 милиони денари за 4 претстави на Кумановскиот театар одобри Министерството за култура

    Средствата се однесуваат на четири претстави од кои две на македонски и две на албански јазик.

    Најмногу средства во висина од 800 илјади денари доби претставата на македонски јазик „Ноќ спроти Водици“ од Вилијам Шекспир во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, потоа 670 илјади денари претставата на албански јазик „Писмо“ од Танкред Дорст во режија на Нехат Мемети, 600 илјади денари се одобрени за претставата „Мажи со влечки“ од Миро Гавран во режија на Маригона Бектеши Ферати и 470 илјади денари за претставата „Не можам да платам? Не сакам да платам“ од Дарио Фо во режија на Владимир Николовски.

    Минатата година за ист број на претстави биле одобрени три милиони денари.

    Поради реконструкција на зградата на Театар Куманово, претставите ќе се одржуваат на сцената во Центарот за култура.