Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската болница пред една година доби компјутерски томограф, а од декември тој интензивно се употребува.
Лекарите велат дека во последните 5 месеци се прегледани 1200 луѓе, односно секој месец во просек има по 250 пациенти. Со сино картонче се плаќа од 250 до 400 денари за преглед, а мал број пациенти плаќаат приватно, согласно ценовникот изготвен од Фондот за здравство. Пациенти се примаат со упат од специјалист.
Секој ден закажуваме од пет до осум пациенти, но на крај на денот има петнаесет или дваесет прегледани. Доаѓаат луѓе од Кратово, Крива Паланка кои не се закажани или од некое поодалечено село и ги прегледуваме. Во месец мај бројот на прегледи се зголемува, но мал е бројот на оние кои приватно плаќаат - вели Славица Јакимовска, началник на работна единица радиодијагностика.
За летните одмори се најавува поинаков начин на работа, со тоа што снимање на компјутерски томограф ќе има само два дена во неделата поради намален персонал. Исто ќе биде и на останатите одделенија.