Кривична пријава против кумановец поради напад на полицаец
07.11.2026 15:31
| KumanovoNews
Дваесет и осумгодишен кумановец доби кривична пријава поради напад на полицаец, додека извршувал работни задачи.
Нападот се случил на 26 септември, на ул. „Пиринска Македонија“ во Куманово, пријавениот се однесувал агресивно, а потоа физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
СВР Куманово му поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“.