26-годишен кумановец со „ауди“ го скршил металното сандаче на Градскиот плоштад
28.12.2021 15:12
| Сузана Николиќ
Кумановец со својот автомобил удрил во металното сандаче на Градскиот плоштад во Куманово.

Незгодата се случила вчера во 01.10 часот на крстосница од улицата „Плоштад Маршал Тито“ и „Ленинова“.
„Патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки излетало од коловоз и удрило во метален ормар за напојување на елекрична енергија поставен на крстосницата. Повредени лица нема, а екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот“, соопшти СВР Куманово.
Сандачето веќе два дена стои скршено на Градскиот плоштад, а граѓаните го прескокнуваат за да поминат.