Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во пожарот во дискотеката во Кочани, загинало 51 лице, а над 100 се повредени.
Според министерот за внатрешни работи Тошковски, причина за пожарот го предизвикале пиротехнички средства кои биле користени на концертот.
„Според првичните информации, како последица на искри од пиротехнички средства кои биле употребени за светлосен ефекти. Искрите го зафатиле таванскиот дел кој бил од лесна запалива материја по што пожарот брзо се проширил. Според досегашните податоци 51 лице загина, а повеќе од 100 повредени“, рече Панче Тошковски на прес-конференцијата во Кочани.
Дискотеката работела во куќа населено место, а на прозорците имало решетки. Министерот кажа дека повеќе лица се приведени.
Повредените се пренесени на клиниките во Штип и Скопје. На социјалните ,режи родители и роднини бараат информација за децата.
Во моментот на пожарот во дискотеката имало 1.500 луѓе.
(Фото: ТВ Кочани - принтскрин)