×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 76 години од загинувањето нa храбрата кумановка Вера Которка

    11.06.2020 16:50 | KumanovoNews

     Денеска се навршуваат 76 години (11.6.1944) од загинувањето на кумановската хероина Вера Теодосиевска Трајковска-Которка, првоборец од НОБ.

    76 години од загинувањето нa храбрата кумановка Вера Которка

    Таа била борец на Трета македонска ударна бригада (МУБ), а како припадник на одредот на Христијан Тодоровски Карпош се истакнала во повеќето тешки и крвави борби за слободата на денешна Македонија. Го загубила животот на 19 годишна возраст во месноста Локвен на Пониква од бугарскиот фашистичкиот окупатор, кратко пред ослободувањето на земјата.

    Вера е родена на 2 април 1925 година во Куманово. Како ученичка во кумановската гимназија без страв говорела за Народноослободителната борба на југословенските народи. Тоа го забележaле властите и почнале да ја прогонуваат. Заради тоа преминала да живее во илегала, но нејзината активност не престанале и продолжила да работи на  партиските задачи.

    Во 1941 година земала учество на состаноците на КПЈ кои се одржувале во куќата на Денко Цеков, а подоцна се преселиле и во нејзината куќа. Кон крај на 1941 година заедно со Бранислав Димковски-Мишо го издавале весникот „Солидарност“ и таа станала негов уредник, а земала учество и во издавањето и на весникот „Дедо Иван“, за кој со другарките обезбедувале хартија и техника. Од 1942 година во нејзината куќа се чувала и архивата на КПЈ-Куманово.

    Таа била една од поистакнатите партизани, и зборувала три јазици: германски, италијански и француски.

    Заминала во партизани и продолжила со своите дејствија на Козјачијата, а била погодена од  од непријателскиот куршум во битката со бугарскиот надмоќен фашистички окупатор.

    Битката против окупаторот, во кој го загубила животот Вера Которка, преставувало удар за секој борец, за секој кој ја познавал.

    Во текст посветен на нејзината храброст објавен во првиот број на весникот „Наш весник“,  младата партизанка ја опишуваат како тивка, кротка средношколка, која во слободните часови знаела да биде и сестра и другар и да раскажува за себе, за борбата, за убавата иднина. Во битките се преобразувала во неустрашив борец, јуришала на непријателските бункери и така го загубила својот живот.

    „И згрмеа првите истрели. Партизанките полегнаа. Се разви нерамна борба. Настана замор. Храбрите борци јурнаа на непријателот. Меѓу нив најхрабра беше Вера Которка. Таа смело напаѓаше, фрлаше бомби и ги храбреше своите  другари да истраат во борбата. Одеднаш, некој шепна: Вера е ранета. А потем, потем бригадата проговори: Вера Которка е ранета другари, напред, напред на непријателот, на омразениот фашистички слуга. На јуриш!“, пишува во описот за борбата во првиот број од „Наш весник“.

    Борците ја носеле Вера ранета, нежно за да не ѝ причинат болка. А крвта липала. Крварела тешката рана под пазувата. Колоната оделе кон снежниот Козјак.  Борците се менувале, ја прашувале како ѝ е, а таа им ја стискала раката, ги бодрела. Одвреме навреме преку нејзиното бледо лице ќе заиграла кратка насмевка.

    Но и покрај нејзината сила, во еден момент Вера подлегнала на повредата и починала во мигот кога бригадата навлегувала во слободната територија.