800 млекари аплицирале за субвенции
30.04.2013 08:45
| KumanovoNews
800 производители на млеко до вчера поднеле документи за добивање на субвенции, а рокот за аплицирање трае уште денеска.

За млекото предадено во домашните млекари за октомври, ноември и декември лани државата дава по 3,5 денари од литар. Сточарите од планинските села добиваат 15 отсто плус.
Почнувајќи од 2008 година па наваму бројот на млекари кои аплицираат за субвенции се намалува и се претпоставува дека многу земјоделци се откажуваат од одгледување на крави поради скапата сточна храна.