Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Осумдесет и тригодишна жена од Куманово вчера во 18.30 часот пријавила во Кумановската полиција дека била измамена за сума 10.000 евра.
Според пријавеното, најпрвин на 10.12.2023 и се јавило лице што и кажало дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода во Република Србија и била потребна одредена сума на пари за да се изврши операцијa и дека наскоро ќе и се јави лекарот да се договорат за износот на опeрацијата.
„Како што е пријавено, набргу се јавило лицето и откако се договориле ги оставила парите пред влезната капија во нејзиниот двор. Исто така, според пријавеното, откако се слушнала со нејзината ќерка, која и
кажала дека е добра, сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.