Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Спомен костурницата на српската војска утре во 11 часот свечено ќе биде обележена 98 годишнината од Кумановската битка од 1912 година, која била одлучувачка за Првата балкански војна.
Во организација на Амбасадата на Република Србија во Македонија, Српските заедници и општината Старо Нагоричане на свечаноста ќе бидат положени венци и ќе се оддаде помен на паднатите војници. На свечаноста ќе зборува амбасадорот на Србија Томислав Ѓурин.
Како што е најавено историски час за значењето на Кумановската битка на Зебарњак ќе одржи историчарот Славенко Терзиќ.
Во уметничката програма ќе учествуваат хорот „Браќа Барух" од Белграда и „Менада" од Тетово, драмски уметници Лепомир Ивковиќ и Танасије Узуновиќ. Беседа ќе одржи Гордана Стојковска, а стихови ќе читаат членовите од Драмското студио „Даница„ од Српската заеднице во Македонији. Во програта ќе учествуваат и членовите „Вук Караџиќ" од Кучевиште.