Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Подароци, акциски попусти и изненадувања за купувачите подготви Аџико хоум центар, по повод отворањето на новиот продажен салон во Куманово.
Салонот е на површина од 1000 метри квадратни и се наоѓа во деловниот објект на ул. Железничка, спроти касарната „Боро Менков“, каде што е лоцирана и продавницата на „РиверСофт“.
Посетителите на едно место можат да најдат над 20 илјади производи, пред се електрични апарати, садови и други производи за домаќинство, украси, сезонска стока, ламинати, санитарија, играчки, бебешка опрема, теписони, пластика, расвета и рачен алат.
„Нашата фирма се занимава со оваа дејност веќе 30 години. Работиме големопродажба и малопродажба. Ова е наш трет хоум центар во Куманово. Првиот е во Штип, вториот во Гевгелија, а наскоро планираме да отвориме современ центар во Скопје. Асортиманот е голем, а цените се прилагодени според буџетот на нашите граѓани. Ќе имаме секојдневни акции и промоции, особено на сезонските производи. Ги повикуваме граѓаните на Куманово да дојдат и да се уверат во големиот избор и квалитет на нашата понуда“, велат од Компанијата.
По повод отворањето на новиот салон, подготвени се големи попусти до 70 отсто, многу награди и изненадувања во текот на целиот ден, а се организира и забава за посетителите.
„Бидете дел од нашето големо семејство, со заедничка цел за успешна и долга соработка во иднина. Акцијата трае до 30. ноември“, додаваат од Компанијата.
Аџико хоум центарот ќе работи секој ден од понеделник до петок од 8.30 до 21 часот, а во недела од 9 до 16 часот.
Дајте му дополнителна топлина на вашиот дом во овие есенски денови, со квалитетните и уникатни производи од новиот продажен салон Аџико хоум центарот во Куманово.
(комерцијален текст)