Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на лица со дијабетес Куманово во соработка со ОСТУ „Наце Буѓони“ и Систита - Офтамологија, за свите членови и за граѓаните во понеделник и вторник организира акција за бесплатно мерење на гликемија и крвен притисок, како и предавање за болестите на очите предизвикани од дијабетес и мерење на очен притисок.
Двете акции се организираат по повод 7 Април - Светски ден на здравјето.
Акцијата за бесплатно мерење на шеќер во крвта и притисокот ќе се одржи во паркот Соколана, во понеделник со почеток во 11 часот. Прегледите ќе ги вршат професори и ученици од медицинската струка на училиштето.
Во вторник во 18.30 часот во зградата на Комитет ќе се одржи предавање на тема „Превенција дијабетична ретинопатија и ДМЕ“ од д-р Елизабета Спасиќ, спец.офтамолог. На присутните бесплатно ќе им се мери гликемија и очен притисок.