Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се реализира акцијата “Садница плус“ и по тој повод учениците од сите основни, средни училишта и градинки засадуваат семки од ела
Мотото на акцијата е „Од семка до ела“, а целта е децата не само да ги засадат , туку и да се грижат за садниците.
Поделен е саден материјал, ќе се садат семки од ела во подготвени саксии, ќе ги негуваат. Овие садници до есен ќе имаат некаде околу 10 цм. Едукативно е за децата, да видат како расте и се развива растение. Ќе научат кои се делови од растение што е дел од нивниот образовен процес - вели Цветанка Арсиќ од одделение за заштита на животна средина во општина Куманово.
Преку оваа акција учениците ќе развијат чувство за одговорност и еко култура.
Утрово го добивме садниот материјал. Ги организираме децата да ги засадат семките. Ова е прв пат да се садат семки од ела, претходно беа желади, други видови на дрвца - рече Надица Петровска, директорка на основното училиште „Вук Караџиќ“.
Оваа акција ја организираат Министерството за животна средина, Министерството за образование и невладината организација „Ден на дрвото“.