×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Акција за приведување мигранти во Ваксинце

    11.06.2015 09:29 | KumanovoNews

    Заврши големата полициска акција што утринава се спроведуваше во липковско село Ваксинце, за апсење мигранти.

    Акција за приведување мигранти во Ваксинце

    Првичните информации говорат дека полицијата затекнала 120  мигранти во селото, а дел од нив биле сместени во куќите. Се уште нема официјална бројка колку лица се приведени заради криумчарење мигранти, но пронајдено е едно лице кое се барало по потреница за убиство.

     Акцијата на МВР се спроведува една недела по репортажата на британскиот „Канал 4“ во која се тврдеше дека мигранти од Сирија биле држени како заложници во Ваксинце и се ослобудувале со откуп од 1.000 евра. Во репортажата мигрантите тврдат дека биле малтеретирани, ограбувани, а нивните девојки силувани од криминални групи.