×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Актерот Тони Михајловски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Куманово

    15.08.2021 20:25 | Сузана Николиќ

    Актерот Тони Михајловски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Куманово, дознаваме од високи партиски извори, откако на седница на Централниот комитет биле потврдени дел од имињата на кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

    Актерот Тони Михајловски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Куманово

    Лидерот Христијан Мицковски, на Фејсбук објави дека во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени досега утврдените кандидати. 

    „ВМРО-ДПМНЕ на овие избори настапува со многу нови ликови, со нова енергија, нова визија за развој, решавање на што повеќе проблеми. Најдоброто допрва доаѓа. И на крај, овие избори се повеќе од само локални, ова се работи за одлука каква општина, каква иднина сакате, и во каква земја сакате да растат вашите деца. ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа, на историски пресврт, за промени, за нов почеток, за покажување на дело дека има разлика, објави Мицковски.

    По оваа објава на социјалните мрежи сопартијците му честитаат на Михајловски.

    „ВМРО-ДПМНЕ го избра таткото на Куманово, на кого Куманово му е во срцето. Човек на кој личната слава не му е потребна, туку решавање на проблемите во неговото Куманово! Честитки до граѓаните на Куманово што најпосле ќе имаат градоначалник, што им е потребен во овие тешки моменти. Тони Михајловски ти посакувам среќа и успех, со голема победа“, гласи една од пораките.

    Михајловски е актер во Македонскиот народен театар, по потекло е од Куманово, а живее во Скопје.