×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Албион Лимани освои трето мeсто на фестивал во Србија

    05.06.2015 10:10 | KumanovoNews

    Албион Лимани од Куманово, ученик во петто одделение во основното училиште “Наим Фрашери“ освои трето место на неодамнешниот меѓународен музички фестивал во Нови Пазар, Србија.

    Албион Лимани освои трето мeсто на фестивал во Србија

    Во конкуренција на 50 деца на фестивалот насловен како “Отворено срце“, Албион освои трето место со песната “Девојки, девојки“, со текст на Авни Каили и музика и аранжман на Адријан Кастрати.

    “Имаше учесници од Македонија, Србија, БИХ, Хрватска и Бугарија. Албион е одличен ученик, се зaнимава со многу други активности, но пак љубовта кон уметноста му дaва позитивна енергија бидејќи сцената е сонот на Албион. Се надевам дека нашите деца ќе имаат поддршка и од општината, бидејќи се талентирани и им требаат средства за да покажат што знаат и што е нивниот сон“- вели Ханифе Лимани, мајка на Албион Лимани.

    Албион посетува часови по виолина во музичкото училиште “Панче Пешев“, а како член на балетско студиото “Ултра“ има добиено награда со која му се пружа шанса во септември да оди на светско првенство во Италија.