Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово, Александар Арсиќ, денеска упати честитка до граѓаните на Куманово, по повод Новогодишните празници.
„Почитувани мои сограѓани, секогаш пред овие убави новогодишни празници си посакуваме убави нешта, си посакуваме подобар живот, посакуваме среќа и успех. Оваа е време кога сакаме да си посакаме голем напредок и подобар живот за сите нас и за нашите најмили. За желбите да станат наша реалност мора и многу да се сработи, многу правилни одлуки да се донесат. Мора одговорно да се настапи. Се креираа политики за справување со енергетската и економската криза, политики за изградба на поголема инфраструкура, политики за подобра социјална заштита, политики за подобрување на образованието и здравството, политики за унапредување на можностите на младите и жените, политики за развој на земјоделието, политики за подобар живот на пензионерите. Креиравме политики кои значат повеќе за сите. Нашата цел не смееме да ја заборавиме. Затоа мора да продолжиме напред. Мора да го продолжиме патот кој сме го зацртале. Мора да продолжиме по нашиот пат на евроатланската интеграција. Пат кој значи стабилност и мир, но и поголем економски развој, повеќе инвестиции, повеќе работни места, поголеми плати и поголем животен стандард. Да станеме дел од семејството каде припаѓаме- Европската унија. Годината што доаѓа ќе биде година на многу предизвици и на сериозни зафати кои се пред нас. Големите предизвици од нас ќе го извлечат најдоброто. Заедно, сплотени и обединети да продолжиме. Без кавги, без поделби. Да бидеме гарант за нашиот напредок и иднина. Во новата година посакувам секој да го направи најдоброто за нашата Македонија и нека покаже како се сака сопствената татковина. Драги мои, во новата 2024 година, имајте повеќе време за себе и своите најблиски, нека вашите домови бидат исполнети со радост и среќа. Ви посакувам радост во срцето, мир во душата и многу здравје и успех во животот. Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2024 година“, изјави Арсиќ на денешната прес-конференција.