×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Александар Тушевски нов претседател на СДСМ Куманово

    05.04.2022 13:48 | Сузана Николиќ

    Александар Тушевски е нов претседател на општинската организација на СДСМ Куманово. Тој е предлог на Централниот одбор на СДСМ, кој треба да го потврди Изборната конференција во Куманово.

    Александар Тушевски нов претседател на СДСМ Куманово

    Тушевски ни поврди дека ја прифатил понудата на партиското раководство и во наредниот период ќе формира тим и ќе изработи програма со која ќе ја побара поддршката на кумановските делегати.

    „Моја главна задача ќе биде да го обединам членството и да га вратам победничко СДСМ во Куманово. Ќе се залагам за социјалдемократски вредности на дело. Ветувам дека со моите идеи, програмата, решенијата и енергија ќе работам за доброто на Куманово и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. За ова да го постигнам ќе ми треба многу работа и труд , како и одговорност. Враќањето на довербата на граѓаните и нивниот квалитетен живот, се мојот приоритет.  Обединето, подготвено, сложно и заеднички за нашата СДСМ“, изјави Тушевски. 

    Тушевски е по професија лекар специјалист-рендгенолог, вработен во семејна поликлиника.

    Новиот претседател Тушевски доаѓа на местото на Мартин Костовски, кој два мандати ја водеше општинската организација на СДСМ Куманово, а сега е пратеник во Собранието.