Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Партијата Алтернатива, која има 4 пратеника, вечерва одлучила таа да се приклучи на парламентарното мнозинство, односно да влезе во Владата.
Утре лидерот Африм Гаши и премиерот Зоран Заев ќе кажат кои ресори и директорски места ги зема Алтернатива.
На вечерашнава прес-конференција портпаролот кажа дека Заев и Гаши се договориле да се побара меѓународна правна помош за да се преиспитаат случаите Смиљковско езеро, загинувањето на Алмир, пресудите за Диво насеље и сите оние за кои има, како што рече портпаролот, сомневања во јавноста за политичко влијание во случаите.