×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Амбасадорот на БИХ ја посети Oпштина Куманово

    16.04.2013 13:47 | KumanovoNews

    Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Здравко Беговиќ денеска ја посети Општина Куманово и на градоначалниот Зоран Дамјановски му ја честиташе победата.

    Амбасадорот на БИХ ја посети Oпштина Куманово

    Средбата беше протоколарна, а амабасадорот најави дека во наредниот четиригодишен мандат ќе настојуваат да ја продлабочат и интензивираат соработката помеѓу босанските општини и Куманово.

    Имам амбиција да ја зајакнеме соработката, да стане посодржајна со некои нови елементи во наредниот период. Локалните избори се завршени и четири години од мандатот се пред нас. Во овие тешки економски времиња правиме планови и програми како да воспоставиме практична економска соработка, но и културна, спортска и други видови на соработка. Цврсто сум убеден дека во времето кое доаѓа ќе бидеме сведоци на размена на делегации меѓу БИХ и ова општина која е значајна за Македонија, која практично е северна капија на државата - вели Беговиќ.

    Тој најави дека на Кумановското културно лето 2013 ќе учествуваат културни дејци од Босна и Херцеговина. За Општина Куманово вели дека има голем потенцијал и очекува градење на пријателски односи, размена на искуства во повеќе бранши.

     Знаете дека моите врски со најважните општини во Република Српска, Бања Лука и Бјелина се на високо ниво и еве ги првите честитки од неговата екселенција Здравко Беговиќ. Сметам дека ова е еден голем придонес за изборниот процес кој се случи на 24 март, како резултат на еден граѓански концепт и граѓанското изјаснување и оваа честитка посебно ми е драга, бидејќи на некој начин е симболика на градење на соживот, на едно мултиетничко општество. Отворивме теми за наша соработка во иднина, пред се меморандумот со Бања Лука и збратимувањето, со што ќе го продолжиме нашиот развоен пат на интегрирање како што сме зацртале - изјави Дамјановски.

    Ставот на Дамјановски е дека градовите од регионот треба да се стремат кон интегрирање во Европската Унија. Тој потенцираше дека Куманово има добра соработка со Бјелина, Бања Лука, и секако Сараево, престолината на БИХ.