×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Амди Бајрам ќе му прати пет кила месо на Заев

    22.05.2011 10:38 | KumanovoNews

    „Ќе му пратам пет кила месо на Зоран Заев во Струмица од смрденото месо што Самка го донесе во Шутка за да им го дели на Ромите, а на Бранко повторно ќе му дадам гол со пета‘‘ - порача од синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалициајата одржан на булеварот „Октомвриска Револуција„.

    Амди Бајрам ќе му прати пет кила месо на Заев

    Пред граѓаните од оваа населба од говорницата се обратија и носителката на изборната листа Гордана Јанкуловска, Владанка Алвировиќ, Иван Стоиљковиќ, Дарка Петрушевска и Јордан Пачков.

    Лесно е да се биде со лице пред вас кога се има реализација на над 1.000 проекти и програма за реализација на уште 1.200 нови проекти во наредните четири години - рече Јанкуловска.

     Пачков порача дека уште многу години ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на политичката сцена и ќе владее, бидејќи остварува многу повеќе од тоа што го ветува.

    „Го донесувме нашиот Манифест за реформи и развој потпишан со народот како историски документ. Повеќе нема да има предвремени избори“ - порача кандидатот Пачков.

    Ќе славиме голема победа на 5 јуни затоа што сме силни. Ние сме како Новак Ѓоковиќ, ама тие не се како Рафаел Надал. Направија се за да ни ја растурат коалицијата,ама во името на Србите во Македонија им порачувам дека нема да не разделат - рече кандидатот за пратеник  Стоиљковиќ.

    Потоа малиот карван на кандидати од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ заминаа за средба со граѓаните во населбата „Перо Чичо“.