×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Англиски професори ќе ја истражуваат Костоперска карпа

    20.03.2015 14:56 | KumanovoNews

    Англиски универзитетски професори и археолози од Музеј Куманово, во наредните четири години ќе го истражуваат локалитетот Костоперска карпа во селото Младо Нагоричане.

    Англиски професори ќе ја истражуваат Костоперска карпа

    Проектот ќе се реализира со пари од меѓународни археолошки фондови. Следната недела странците ќе го разгледаат теренот, за да утврдат која метода ќе биде најпогодна за истражување. Истражувањата ќе почнат годинава и ќе траат до 2019 година.

     “Ќе се изврши културно-историска интерпретација на самиот локалитет. Главните прашања на кои ќе треба да одговорат археолозите, ќе треба да одговорат по кој шаблон се населбите во тој регион од римските освојувања, па се до доаѓање на Турците. Кој е односот помеѓу црковните градби и блиските населби, како и инфраструктурата. Кога се создадени црквите и населбите и кога тие биле во употреба“ - изјави Анита Цветановска, директорка на Музеј Куманово.

    Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културно наследство смета дека ова ќе биде голема пресвртница во развојот на македонската археологија.

    „Ќе има геоскенирање и геоархеолошко сондирање. Ќе ги споиме нашите и нивните искуства и ќе видиме што од нив ќе научат нашите колеги, а што тие од нас. Се работи за истражување на цивилизацијата како што јас ценам. Како странци нив ги интересира римскиот период, од 1 век од нашата ера до доаѓање на Турците, значи тоа е антиката, средниот век. Заинтересирани се да видат како се одвивал животот, преселувањата, распоред на населбите, преместување на населението од едно место на друго, патиштата и култните објекти, црквите, манастирите“ - вели Лилчиќ.

    Од англискиот тим раководител на проектот ќе биде Драгана Младеновиќ од Универзитетот во Саутемптон, а од кај нас Дејан Георгиевски, археолог во Музеј Куманово.

    “Тие имаат поинакво искуство, прво добро се подготвуваат, па потоа почнуваат со ископување. Веќе следниот месец ќе дојдат да ја истражат архивата на музејот, археолошките ископувања од 80-те години и да ги видат сите наоди кои што ги имаме извадено од таму. Во есента планираат да се задржат тука повеќе време. Следната година ќе има поинтензивни истражувања“- рече Георгиевски.

    Резултатите од истражувањето на локалитетот ќе бидат објавени во светско списание за ранохристијанство и Византија, ќе се изврши конзервација и дури потоа локалитетот ќе биде отворен за туристи.