Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска свечено беше предаден во употреба асфалтираниот пат до Земјоделското училиште „Киро Бурназ„. Лентата ја пресекоа градоначалникот и директорот на училиштето.
Асфалтирањето на улицата се чекало 64 години, кој го поврзува средното земјоделско училиште и населбата Долно Којнаре. Патот е во должина од 700 метри, а сретствата во висина од 4,5 милиони денари ги обезбеди локалната самоуправа.
Асфалтирањето на патот е од големо значење за нашето училиште и нашите ученици, бидејќи 64 години се чека неговото асфалтирање. Со ова ќе се зголеми и хигиената во училиштето и сообраќајниот пристап до училишната зграда. Со пуштањето во употреба на патот на овој начин го одбележуваме патрониот празник-64 години од постоењето на училиштето.На инфраструктурен план реализиравме неколку проекти со Локалната самоупрва , останува уште поврзување на училиштето во главната канализациона мрежа со што го заокружуваме овој процес-изјави Горан Јовановиќ директорот на средното училиште „Киро Бурназ„.
Од локалната самоуправа информираат дека покрај реконструкцијата на овој пат по програмата ќе се реализираат уште 17 инфраструктурни проекти во Куманово, во вредност од 160 милиони денари.
Проектот го изработи Ј.П „Водовод„, а се работи за 4000 квадратни метри асфалтна површина на потегот од улицата „Никола Тесла„ до училиштето.Со овој проект затвараме еден огромен проблем, за учениците и наставничкиот кадар од училиштето , но и за жителите од населбата Долно Којнаре и за остантите граѓани за пристап до добитичот пазар, кој се наоѓа во близина -рече на отварањето градоначалникот Зоран Дамјановски.