×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Aсфалтирана улица во Романовце

    28.06.2011 12:00 | KumanovoNews

     Во селото Романовце вчера беше пуштена во употреба ново-асфалтирана улица во должина од 600 метри, која ги поврзува асфалтната база кај автопатот и центарот на селото.

    Aсфалтирана улица во Романовце

     На улицата живеат околу 120 семејства, Македонсци и Албанци, кои не го криеја своето задоволство што по толку години чекање повеќе нема да газат кал.

    Кога го трасиравме патот жителите не веруваа дека ќе дојде овој ден. Не можеме да ви ја искажеме радоста што конечно добивме асфалт. Наредно очекуваме да се рекунструира и прошири патот кон Куманово со банкини, и се што е неопходно за една современа сообраќајница-рече Бејтула  Бајрами претседател на месната заедница Романовце.

    Улицата била со години непроодна бидејќи по неа се излевале фекалии, поради што месната заедница побарала од општината да ја стави во приоритет за решавање.

    Проектот чини 9,5 милиони денари, а под улицата е поставена комплетна канализациона инфраструктура. Патот е со ширина од 5 метри со вградени ивичници и ги задоволува сите стандарди на изработка - рече градоначалникот  Зоран Дамјановски, по свеченото сечење на лентата.

    Градоначалникот најави дека за 20 дена, откако ќе помине на Совет ќе започне реконструкција на патот Романовце - Куманово, со пари од кредит на Светската банка.

    Во Романовце живејат  4.500 жители во 670 домаќинства кои се занимаваат со сточарсто, земјоделие и приватен бизнис.