Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите во населбата Зелен Рид добија две новоасфалтирани улици.
Градоначалникот Зоран Дамјановски викендов пресече лента и свечено ги пушти во употреба сообраќајниците “Иван Горан Ковачиќ“, “Љубица Мијалковиќ“ и дел од улицата “АВНОЈ“.
Во овој дел од градот имаме направено три инфраструктурни проекти. Двете улици се во должина од 210 до 230 метри, со комплетна инфраструктура цената за изработка е 2,5 милиони до 3,2 милиони денари, бидејќи имаше и атмосферска канализација која не беше регулирана. Комплетно со сите параметри улицата е направена,така што овој дел кој почнавме инфраструктурно да го решаваме пред четири години, го добива својот изглед онака како што заслужува како најурбана средина во нашиот град. Ги остваруваме желбите на граѓаните и нашите програмски определби - изјави Дамјановски.
Тој најави дека наредните денови ќе бидат отворени над 15 инфраструктурни објекти што е традиција во овој период кога се празнува ослободувањето на Куманово, а воедно завршува и градежната сезона.