Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Диспанзерот за белодробни заболувања последниве денови има зголемен обем на работа, откако во градот има густа магла во утринските и попладневните часови.
Над 20 луѓе секојдневно бараат лекарска помош во диспанзерот.
Лекарите советуваат болните од астма, бронхитис и други хронични белодробни заболувања да не излегуваат надвор кога времето е магливо.
- Маглата содржи покрупни честици кои се вдишуваат, се лепат за белите дробови и прават опструкции на организмот. Во Куманово сега имаме грип кој во комбинација со респираторни заболувања и магла доведува до отежнато дишење, гушење, зголемена температура. Се препорачува да не излегуваат додека има магла, да избегнуваат контакт со заболени и редовно да земаат лекарства - вели Драги Гелевски, пнеумофтизиолог.
Тој објаснува дека најголем процент од хронично болните кои се обраќаат за помош во диспанзерот се постарите граѓани.