Мени

Авионска дезинсекција во Куманово

23.09.2015 09:19 | KumanovoNews

Утре во утринските часови од 5 до 8 часот ќе се изврши авионска адултна дезинсекција на поплавените подрачја по течение на реките Пчиња, Крива Река, Липковка, Којнарка и Кумановска река, информираат од Центарот за јавно здравје Куманово.

Авионска дезинсекција во Куманово

Се известува населението и се молат граѓаните кои одгледуваат пчели да ги превземат потребните заштитни мерки, односно затворање на кутиите со доволно вода за пиење на пчелите и непуштање 3­4 часа по третирањето на даденото подрачје.