×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Авто школите работат по нов правилник

    25.09.2013 14:22 | KumanovoNews

     Кон крајот на јуни годинава е донесен нов правилник за работа на авто школите.

    Авто школите работат по нов правилник

    Според новиот правилник секоја авто-школа мора електронски да се води евиденција за секој кандидат и да има сопствено тешко товарно возило за Ц, Д и Е категорија. Новина е и тоа што учениците со навршени 16 години можат да полагаат возачки испит.

    Изготвувачите на правилникот денеска во СВР Куманово пред сопствениците на авто-школите во градот ги презентираа новите правила.

    Трајче Георгиев, виш полициски советник во Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во МВР вели дека новиот правилник нема суштински новитети, туку само ги додефинира одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

     Главните измени се во делот на сообраќајниот полигон. За спроведување на првиот практичен дел од возачкиот испит, сметавме дека треба да се внесе една динамика во обуката пред се во насока на постигнување на квалитет - рече Георгиев.

    Началникот на СВР Куманово Моме Јакимовски, смета дека по стапување на сила на новиот правилник дефинирани се сите обврски и услови кои треба да ги исполнат авто школите за обука на новите возачи, а пред се на почетниците кои се обучуваат за полагање на возачки испит.

    Новиот правилник нуди многу работи кои претходно не беа дефинирани почнувајќи од самите полигони за обука, условите кои треба да ги исполнуваат авто школите од технички, стручен кадар, од лиценци и други позитивни работи - изјави Моме Јакимовски, началник на СВР Куманово.

    За два месеци ќе следат контроли со кои ќе се утврди дали авто школите работат според новиот правилник. Најмногу дилеми има околу начинот на полагање на возачки испит од малолетниците.

    Педагошко-психолошките служби во училиштата ќе треба да дадат мислење за тие деца. Закон има, правилникот е донесен, но треба да се седне со школите да се договори како тоа ќе тече во пракса. Луѓето од педагошко-психолошка служба велат дека можат да гарантираат за училиштето, но не и за тоа дали ученикот ќе биде добар возач. Тука малку се застанати работите - вели Михајло Петровски, сопственик на авто школа “Дијана 95“.

    Ова е прва промоција на правилникот за авто школи во Куманово.