×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Автопатот Табановце готов до ноември

    16.06.2010 14:39 | KumanovoNews

     Изградбата на автопатот Куманово-Табановце ќе заврши до ноември годинава,а целиот Коридор 10 до 2014 година, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, при денешната посета на градилиштето на клучката кај Речица. Министерот лично дојде да види како одат работите на терен и да се уведри дали се спровдува утврдената динамика во изградбата.

    Автопатот Табановце готов до ноември

     Од Агенцијата на патишта и градежната компанија добив гаранција дека во ноември ќе биде отворен овој патен правец. Го имаме и финалниот проект за патниот правец Демир Капија- Смоквица, кој ќе го пратиме до Европската комисија и финансиските институции и полека ќе ја затвараме финансиската конструкција. Очекуваме наредната година да започне изградбата и овој патен правец со што Македонија за 2-3 години целосно ќе го изгради коридорот 10 - рече министерот Јанакиевски.

     Делницата Куманово-Табановце чини 13 милиони евра, а проценетата вредност на целиот проектот е околу 270 милиони евра. Сумата е висока заради лошиот терен на делницата помеѓу Демир Капија и Смоквица, каде треба да се изградат десет тунели и исто толку мостови. Коридорот 10 ќе се гради по сите европски стандарди и се очекува да се заврши до 2014 година.

    Министерот потврди дека ребалснсот на буџетот ја одсликува економската состојба во државата, поради што реализацијата на дел од проектите може да се забави, но никако да престане.

    Наша приоритетна цел е реализација на програмата на Агенцијата за државни патишта.Досега имаме завршено 8, а до крајот на годината треба да завршиме уште шеесетина локални патишта и 11 регионални патишта. Владата инвестира во инфраструктурата и ќе пробаме преку позајмици и помош со банките да ги реализираме овие проекти. Ќе комбинираме помеѓу буџетските можности и помош од меѓународни финансиски институции, но ниту еден проект нема да се укине- рече министерот.