×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Бадникова поворка“ со донација за Кумановската болница

    13.01.2021 12:45 | KumanovoNews

     Топломери, перници и постелнини денеска донираше здружението „Бадникови поворки“ на Општата болница во Куманово.

    „Бадникова поворка“ со донација за Кумановската болница

    Од здружението велат дека средствата кои оваа година ги собраа за поворката, која не се одржа поради коронавирсуот, одлучиле да ги пренаменат во хуманитарни цели, затоа што тоа е и основата на поворката.

    „Oваа година на поинаков начин се одржуваа Бадниковите поворки поради корона-кризата. Дечињата не беа по улиците. Меѓутоа и оваа година нашата мисија е хуманитарна, беа поставени неколку пункта за донации и сакавме средствата да ги пренамениме на овој начин, затоа што  мисијата на Бадниковите поворки се состои токму во добродетелта. Јас би сакала да се заблагодарам на сите, хумани граѓани кои ги донираа овие средства“, изјави Ана Денковиќ Антевска од здружението.

      Претходните години собраните средства од донации беа наменети за купување на пакетчиња коишто беа делени на дечињата на поворката.

    (Ф.М.)