×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бај-пасот ќе го пушта комисија и владата

    01.07.2014 14:26 | KumanovoNews

    Советниците на денешната седница побараа проблемот со водоснабдувањето да го решава Владата и координативно тело

    Бај-пасот ќе го пушта комисија и владата

     Нема изгледи дека скоро ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во градот и покрај тоа што советниците  на денешната седница беа едногласни во барањето надлежните претпријатија што побрзо да ги надминат недоразбирањата во интерес на граѓаните.

    Наместо конкретни решенија, советниците донесоа заклучоци со кои бараат да се формира координативно тело со претставници на “Водовод“, Водостопанство и советници,  а во решавање на проблемот да се вклучи и Владата. И во изминатите неколку години во повеќе наврати беа формирани слични тела, но резултатите од нивната работа изостанаа.

     На денешната расправа во Советот за состојбата со водоснабдувањето во градот, советниците не отстапија од своите политички гледишта.  Додека позицијата тврдеше дека проблемот со водоснабдувањето е игра на Водостопанство за да се зголеми цената на водата, опозицијата напаѓаше дека таа е последица на лошото менаџирање на претпријатието во изминатиот период.

     Проблемот потекнува од многу одамна и досега многу пати е барано решение, но решенија имало само парцијално. Став на нашата партија и на нашата коалиција е дека треба да се бара трајно решение за водоснабдувањето. Цената на водата е само еден од факторите кои што се наоѓаат како проблем на кој што наидуваат граѓаните на Куманово. Проблемот е во долгиот период на лошо менаџирање на “Водовод“ - рече Драган Петковски, советник од ВМРО - ДПМНЕ.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски смета дека цената од 6,8 денари за литар сирова вода, која сака да ја наметне Водостопанство е превисока, бидејќи во останатите градови во државата сировата вода се плаќала најмногу по 2 денари. Доколку Водостопанство опстои на своето барање, ќе мора да се зголеми и цената на водата што се испорачува на граѓаните.

     Но, дали и тогаш апетитите на Водостопанство ќе застанат тука или ќе продолжат да се зголемуваат, па тогаш ќе бараат цената на сировата вода да биде 15 денари. Тоа ќе бидат игри без граници на сметка на граѓаните. Ако  тоа е целта, се играте со една многу опасна работа. Трпението на граѓаните е на крај и тие најавуваат протести и блокади. Затоа ги повикувам сите релевантни институции: од премиерот, Владата и надлежните министерства, да помогнат да се пушти водата, а потоа ќе ги превземеме сите потребни мерки за решавање на проблемот- побара градоначалникот.

    Од “Водовод“ објаснуваат дека три дена преговарале со Водостопанство да се пушти т.н. бајпас, но не постигнале договор. На состанокот јасно им било побарано да уплатат 3 милиони денари, или во спротивно нема што да разговараат за пуштање на цевководот.

    Ние во овој момент ги немаме тие пари и неможеме да ги исплатиме. Мене лично ми е жал што политичките препукувања се преку грбот на граѓаните. Вчера добивме договор од Водостопанство на 6.8 денари, и не можеме да ја прифатиме таа цена затоа што со тоа директно одиме во комплетна ликвидација на ЈП “Водовод“, -  рече Горан Стојковски, директор на “Водовод“.

    Советникот Максим Димитриевски се запраша која е економската логика на Водостопансво да ја испушта водатата од преполните липковски брани да тече во реката наместо да ја пушта во цевководот за потребите на градот и да ја наплаќа од Водовод и граѓаните.

    На седницата не беше повикан директорот на Водостопанство кумановско-липковско поле Филип Филиповски за да даде одговор на многуте поставени прашања.

     На крајот на седницата беа изгласани заклучоци кои ги предложија двете најголеми советнички групи.

    За проблемот со водоснабдувањето на градот известени се ОБСЕ, Американската амбасада, канцеларијата на ЕУ во Скопје, а ситуацијата им е позната и на дел од министрите.

    Точката за состојбата со водоснабдувањето во градот се најде на дневен ред на Советот, откако жителите на високите зони во градот и приградските населби останаа без водаза пиење повеќе од две недели и најавија протести и блокади на институциите и водоснабдителните претпријатија.