×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Бајловски средби“со рекордна посетеност

    02.10.2013 10:56 | KumanovoNews

    Во село Бајловце во недела се оддржа 5 - тата по ред манифестација “Бајловски средби“ на која беа презентирани обичаите од  Козјачко - бајловската свадба од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

    “Бајловски средби“со рекордна посетеност

    Организаторите планираат оваа манифестација да стане традиционална, да се збогатува секоја година со нови елементи, а доколку се јават младенци од тој крај свадбата ќе биде направена со нив.

    Акцент беше ставен на етно елементите и свадбата побуди голем интерес. Изведбата беше на КУД “Срма и КУД “Ѓоко Симоновски“ при Здружение на пензионери кои на своевиден начин донесоа едни свадбени обичаи од овој крај. Сепцифично е тоа што има китење на коњите, канење на гостите, замесување на погача, китење на младоженецот, качување на невестата и младоженецот на коњ, изнесување дарови, чеиз во ковчези. Ова е потсетување на старите добри времиња кога за младите ова било навистина свечен чин и траело цела недела - објаснува Зоран Бојковски, претседател на здружение “Козјачијата во срцето“.

    Во состав на манифестацијата имаше спортски игри и натпревар со баници. “Бајловски средби“ имаат туристички, стопански и културен карактер, а целта е да заживее козјачкиот крај и да запре миграцијата.

    Бајловце е оддалечено 30 км од Куманово, има стотина жители, но селото се соочува со многу проблеми од кои основно е тоа што немаат вода за пиење.

    “Бајловски средби“ ги организираше “Козјачија во срцето“, а под покровителство на Советот и градоначалникот на Општина Старо Нагоричане.