Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бањата Стрновац и ова лето остана неуредена и неискористена од државата. Двата базени со геотермална вода се наоѓаат во мизерна состојба, валкани и запуштени, препуштени сами на себе и на несовесните посетители.
Она малку, што беше изградено и уредено со сретства на граѓаните и Општината Старо Нагоричене, го уништи минатогодишната поплава. Сега јавното капалиште е во очајна состојба.
Катастрофа е! Никој не ја одржува бањата. Пред две- три години Општината наплаќаше и ја чистеа бањата, водата ја испуштаа и ја прочистуваа. Тогаш беше далеку подобро. Треба да се огради и да се одржува за да има повеќе народ. Навечер доаѓаат млади луѓе пијат и прават хаос. Поради таквиот нецивилизирано однесување бањата е искршена, кога би имало чувар би било многу подобро изјави- велат граѓаните, кои и покрај се ја посетуваат бањата поради нејзината лековитост.
На бањата и недостасуваат тоалети, гардеробери, сместувачки капацитети, паркови и зеленило. Водата е матна а коритата обвиткани во жабокречина, па повеќе потсетуваат на бара, отколку на лековити капалишта. Лугето кои доаѓаат тука да се капат, веднаш си заминуваат, бидејќи немаат каде да седнат и да се сместат.
Развиените држави никогаш не би дозволиле термалните води за останат неискористени. Водата во Стрновац лекува ревматски, инфективни заболувања и повреди.
По бањите се чувствувам многу подобро, болките во рбетот престануваат, реумата се намалува. Многу луѓе доаѓаат и сите се фалат дека им помага-вели Даница Стошиќ жител на Куманово
Општината Старо Нагоричане нема надлежност да стопанисува со термоминералните извори. За топлите води е одговорно Министерството за економија, кое превзема мерки за заживување на бањскиот комплекс.
Пред два месеца беше распишан тендер за изнаоѓање инвеститор за бањите Стрновац и Кежовица, но од некои причини пропадна- вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.
Тој се надева дека наскоро бањата ќе биде дадена под концесија, а општината и целиот регион ќе имаат некаква корист од ова засега неискористено природно богатство.